За Нас

Нашата визија е јасна: Datacom да биде симбол за интернет и телевизија од новото дигитално време со домашен печат, по светски стандарди – дигитални, брзи и иновативни.

ДАТАКОМ

За Нас

Datacom како бренд официјално постои од 2019 година, но нашата приказна започна и порано – со визија и упорност да изградиме фер и модерен оператор. Од првиот ден работиме со 100% домашен капитал, црпејќи сила од успешните македонски приказни и верувајќи дека и кај нас може да се создаде телекомуникациска мрежа по светски стандарди.
Нашата мисија е јасна: да овозможиме брз и квалитетен интернет, транспарентен и без ограничувања. Веруваме во дигитална иднина – што помалку хартија, а што повеќе гигабајти.


Нашите достигнувања

Први овозможивме интернет на недостапни места – со безжични решенија стигнавме таму каде што беше незамислива поголема брзина од старите бакарни парици.

Први понудивме неограничен безжичен интернет без договор – особено за студентите, кои со години беа приморани на скапи пакети со „ситни букви“ и долги обврски. Ние го преземавме ризикот, а тие конечно добија фер услуга.

Први донесовме 10 Gbps интернет во домашни услови – поставувајќи нов стандард за целата индустрија.

Во 2024 ја воведовме ТВ услугата – со целосна програмска шема и постојано дополнување со нови канали.


Нашата филозофија

Можеби звучи како фалење, но горди сме што голем дел од нашето работење е изградено врз сопствен софтвер – за менаџирање, мониторинг, наплата и секојдневна поддршка на корисниците.
Користиме и сопствени иновации во преносот на сигнал, со што ја зголемуваме стабилноста и брзината на услугите.

Нашата филозофија отсекогаш е иста: корисникот треба да биде задоволен од услугата, а не врзан со договори и пенали.

Зад нас стојат генерации задоволни студенти, семејства и компании што ни ја даваат својата доверба. Постoјано инвестираме во мрежа, технологии и луѓе, за да носиме нови решенија и да останеме чекор пред времето.

Нашата визија е јасна: Datacom да биде симбол за интернет и телевизија од новото дигитално време со домашен печат, по светски стандарди – дигитални, брзи и иновативни.