---
title: "За Нас - ДАТАКОМ ЈВ"
description: "ДАТАКОМ од 2019 година гради фер и модерен оператор со 100% домашен капитал – брз оптички и безжичен интернет, 10 Gbps за дома и ТВ услуга."
url: "https://datacom.mk/mk/za-nas/"
language: "mk-MK"
---

# За Нас

## Нашата визија е јасна: ДАТАКОМ да биде симбол за интернет и телевизија од новото дигитално време со домашен печат, по светски стандарди – дигитални, брзи и иновативни.

Нашата приказна

## Фер и модерен оператор, со 100% домашен капитал

ДАТАКОМ како бренд официјално постои од 2019 година, но нашата приказна започна и порано – со визија и упорност да изградиме фер и модерен оператор. Од првиот ден работиме со 100% домашен капитал, црпејќи сила од успешните македонски приказни и верувајќи дека и кај нас може да се создаде телекомуникациска мрежа по светски стандарди.

Нашата мисија е јасна: да овозможиме брз и квалитетен интернет, транспарентен и без ограничувања. Веруваме во дигитална иднина – што помалку хартија, а што повеќе гигабајти.

- 2019  

ДАТАКОМ официјално како бренд
- 100%  

домашен капитал
- 10 Gbps  

први интернет од 10 Gbps за дома
- 2024  

почеток на ТВ услугата

## Нашите достигнувања

1. 01  
### Интернет и на недостапни места  
Први овозможивме интернет на недостапни места – со безжични решенија стигнавме таму каде што беше незамислива поголема брзина од старите бакарни парици.
2. 02  
### Неограничен безжичен интернет без договор  
Први понудивме неограничен безжичен интернет без договор – особено за студентите, кои со години беа приморани на скапи пакети со „ситни букви“ и долги обврски. Ние го преземавме ризикот, а тие конечно добија фер услуга.
3. 03  
### 10 Gbps интернет во домашни услови  
Први донесовме 10 Gbps интернет во домашни услови – поставувајќи нов стандард за целата индустрија.
4. 04  
### ТВ услуга од 2024  
Во 2024 ја воведовме ТВ услугата – со целосна програмска шема и постојано дополнување со нови канали.

Нашата филозофија

## Сопствен софтвер, сопствени иновации

Нашата филозофија отсекогаш е иста:

> корисникот треба да биде задоволен од услугата, а не врзан со договори и пенали.

Можеби звучи како фалење, но горди сме што голем дел од нашето работење е изградено врз сопствен софтвер – за менаџирање, мониторинг, наплата и секојдневна поддршка на корисниците.

Користиме и сопствени иновации во преносот на сигнал, со што ја зголемуваме стабилноста и брзината на услугите.

Зад нас стојат генерации задоволни студенти, семејства и компании што ни ја даваат својата доверба. Постојано инвестираме во мрежа, технологии и луѓе, за да носиме нови решенија и да останеме чекор пред времето.

## Интернет без ситни букви

Изберете пакет што ви одговара или контактирајте нè – ќе ви помогнеме да го најдете вистинскиот.

[Види пакети](https://datacom.mk/mk/internet/)[Контактирајте нè](https://datacom.mk/mk/kontakt/)
